Рокот за исплата на јануарска плата истекува во понеделник, а доколку Фондот за здравство го пречекори и овој рок медицинарите најавуваат протести и блокади.

Исплата на пари нема ни кај породилните остуства, боледувањата и рефундациите за лекови,откако на седми февруари системот на Фондот за здравство беше хакиран. Синдикатот на Клинички добил информации од Фондот за здравство дека се ангажирала фирма која рачно ги внесувала податоците.

По дваипол месеци ни на повидок покачувањата од 3.000 денари за средно-медицинскиот кадар и медицинските сестри.

Заглавил во преговорите со министерот Сали, а од синдикатот бараат надлежните да го сфатат сериозно проблемот со кој се соочуваат.

Синдикатот на Клинички центар во ноември минатата година се закани за масовен протест доколку не добијат линеарно покачување, но постигна договор со Владата па протестот го ставија во мирување.