На почетокот на минатата недела, откако магазинот „Тајм“ го прогласи директорот на фабриката за електрични автомобили за „Личност на годината“, Ворен на Твитер напиша дека Маск треба да престане „да се влече на сметка на сите други“ и да плаќа данок.
Маск и одговори дека „ќе плати повеќе даноци оваа година од кој било Американец во историјата“.
Маск моментно е најбогатиот човек на светот, а неговата компанија „Тесла“ вреди околу 1.000 милијарди долари. Во изминатите неколку недели, Маск продаде акции на „Tесла“ во вредност од речиси 14 милијарди долари