Поранешниот американски претседател и актуелен републикански претседателски кандидат Доналд Трамп е ранет во синоќешниот атентат.

Доналд Трамп бил застрелан на републикански митинг во Пенсилванија и било соопштено дека куршумот го погодил во горниот дел од десното уво.

Голем број светски лидери и познати личности го осудија обидот за атентат врз Доналд Трамп на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија и изразија загриженост за настанот, осудувајќи го политичкото насилство и му посакаа на Трамп брзо закрепнување. Меѓу нив е и Илон Маск, кој му посака на Трамп брзо закрепнување.

„Целосно го поддржувам претседателот Трамп и се надевам на негово брзо закрепнување“, напиша Маск, а неговата објава има над 103 милиони прегледи.