Соседите не разговараат со семејството на Урош Б., бидејќи тој се изживувал со животните кои тие ги чувале.

„Убиваше кучиња во селото, пријавивме, но продолжи да го прави тоа“, изјавија за Телеграф жителите на селото кај Младеновац, каде што живеел Урош Б.(21), извршителот на страшниот масакр што на полноќ ја шокираше Србија, кога загинаа 8 лица, а 14 беа ранети.

Според зборовите на соседите, тој ги убил нивните миленици.

Бил уапсен за кражба, па за оружје, но и за шлаканица која му ја удрил на полицаец. Урош Б. никогаш не бил осуден.

Урош Б. има 21 година, српската јавност слушна за него ноќта меѓу четвртокот и петокот кога по расправија во училишниот двор отишол дома да земе оружје, се вратил и отворил оган врз луѓето кои биле таму.

Потоа влегол во автомобилот и пукал во движење. Има индиции дека имал соучесник, но официјалната истрага се уште не го потврдила тоа.

По пукањето Урош побегнал.

Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а утрово околу 8 часот бил уапсен во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини.

Уапсен е облечен во маица во која ги велича Хитлер и нацистите.