-Досега, 99 пациенти вакцинирани со трета доза се дијагностиицани како позитинви и обично дијагнозата е четири до пет дена по примената трета доза. Има само еден смртен случај, но со друга тешка здравствена состојба, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање дали има пациенти кои примиле трета доза и се заразиле со ковид, биле хоспитализирани или починале.
Вкупно 44 проценти од населението е вакцинирано против ковид и има стагнација, призна Филипче.
Педесет седум отсто од населението над 40 години е вакцинирао барем со една доза, 48 отсто над 18 години се со една доза, 46 проценти се вакцинирани со две дози, а 13 отсто од населението над 60 години има примено трета доза. Има и 5 000 деца на возраст од 12 до 18 години примиле вакцина против ковид.