Во текот на вчерашниот ден имаше ново судење од убиството на Вања и Панче, со што се открија нови детали околу двојното убиство кое ја шокираше македонската јавност. Меѓу многуте сведоци беше сведочеше Маја Спирова која е прва братучетка на мајката на Вања
Ѓорчевски ја убедувал мајката на Вања дека неа ќе ја најдат
Сведокот рече дека прегледувале снимки, кои ги носел таткото на Вања. За тоа време, таткото Александар Ѓорчевски ѝ велел на мајката да не се секира и дека ќе ја најдат Вања.
„Постојано излегуваше, доаѓаше, беше вознемирен. Едно време ми велеше да пратам порака на Илон Маск за да ја најде преку сателит“, рече сведокот Маја Спирова, прва братучетка на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.
Останати сведоци
Рочиштето продолжи со сведочења на Лита Ќириќ и нејзиниот сопруг Ѓорѓи Џолев, кој е член на партијата Десна.
Ќириќ сведочеше дека таа била сопственик на возилото „Рено кангу“ во кое според обвинителството бил Палевски кога била киднапирана Вања. Кажа дека возилото го дале на партијата за селењето на седиштето од Кисела Вода во Центар кај „Веро џамбо“. Потоа возилото останало во партијата.
„Имаше пиштол во футрола“
Џолев зборуваше за неговите активности во партијата. Меѓу другото, кажа дека додека седиштето на партијата било во Кисела Вода видел пиштол во футрола, за кој претпоставил дека бил на Палевски.
Уште еден сведок кој се појави денеска на рочиштето во Кривичниот суд, Кирил Тренчовски, рече дека видел пиштол во штабот на Десна во Кисела Вода.