Имињата на новите министри од редовите на ВРЕДИ ќе бидат утврдени до утре, а предлогот ќе биде доставен до Собранието во текот на неделата, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, на прес-конференција по повод доделувањето на решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.

Во одговор на новинарско прашање кога ќе биде испратен предлогот за новите министри од коалицискиот партнер ВРЕДИ до законодавниот дом, Мицкоски посочи дека процесот се финализира.

– До утрешниот ден ќе се финализираат сите работи, очекувам оваа недела да ги доставам до Парламентот. Кога ќе биде сѐ конечно ќе ги знае јавноста, рече Мицкоски.