Имотен лист за една минута. Со новиот портал на Агенцијата за Катастар „е услуги“ до побрзи и поефикасни услуги. Ќе стартува од 1 јануари, а бараниот документ граѓаните ќе можат да го добијат веднаш на својот маил. Преку порталот секој ќе има пристап до 94 различни услуги, а листата ќе с епроширува во наредниот период. Оние кои досега биле регистрирани на стариот портал кој ќе биде активен до 31 декември , ќе може да ги користат истите кориснички имиња и лозинки за новиот портал на кој услугите ќе бидат достапни од први јануари.

Агенцијата за катастар на недвижности отвори нов интернет-портал за корисниците. Се дигитализираат речиси 100 продукти кои ќе им бидат достапни на граѓаните и на мобилните телефони, пред неколку месеци се намалија и цените на услугите.

Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица. До крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги. Исто така, сите корисници ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), управуван од Министерството за дигитална трансформација“, рече Живковски на прес-конференција.

Покрај тоа што се олеснува пристапот, граѓаните веќе плаќаат и пониски цени за катастарските услуги. Според Живковски, веќе од пред три недели се применува новиот тарифник со кој услугите поевтинале за 75 отсто, односно се намалија цените на услугите кои беа енормно покачени во февруари годинава. Живковски ја повика комората на геодети да предложи нов тарифник и тие да ги намалат цените на услугите.