Две лица од Албанија во текот на вчерашниот ден се обиделе да поминат на Граничниот премин Табановце со туѓа патна исправа, соопшти МВР.

Во првиот случај, по извршена пасошка контрола бил приведен М.Ц.(25) кој на увид дал патна исправа на име на Ц.А.(30) од Албанија.

Неколку часа подоцна, за влез во Македонија по извршена пасошка контрола бил приведен А.С.(37) од Албанија кој на увид дал патна исправа на име на С.А.(34).

Двајцата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Прекршокот за кој се гонат е „послуга со туѓа патна исправа“.