Инцидент во Конопница
Во кривопаланечкото село Конопница синоќа се случил сериозен инцидент, во кој тројца жители се сомничат дека физички го нападнале, а потоа го турнале од тераса 26-годишниот А.С., жител на истото село, при што тој се здобил со телесни повреди.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово потврдуваат дека настанот се случил на 20 април, околу 23:25 часот.
„Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги привеле Ј.А. и Н.К., и двајцата на возраст од 26 години, како и 25-годишниот Е.А., сите од село Конопница, поради сомнение дека заеднички го нападнале и од тераса го турнале нивниот сограѓанин А.С., кој во нападот бил повреден,“ изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Тројцата осомничени се задржани во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува поднесување на соодветна кривична пријава.
Полицијата продолжува со истрага за утврдување на сите околности поврзани со овој сериозен инцидент во Конопница