Предлог-законот „има за цел да ги забрани сите приватни криптовалути во Индија, соопшти Долниот дом на Парламентот, откако премиерот Нарендра Моди минатата недела предупреди дека биткоинот претставува ризик за помладите генерации и може „да ја расипе нашата младина ако падне во погрешни раце“.

Тоа е последниот таков потег на големата економија во развој, откако Кина во септември ги прогласи сите трансакции со криптовалути незаконски.

Пазарот на криптовалути во Индија е во подем откако Врховниот суд на земјата ја укина претходната забрана во април минатата година, која се зголеми за повеќе од 600 отсто минатата година, според студијата на Chainalysis.

Се проценува дека меѓу 15 и 100 милиони луѓе во третата по големина азиска економија поседуваат криптовалути, со вкупен износ од милијарди долари.

Сега нивните инвестиции ќе се соочат со неизвесна иднина.

Во јуни, Централната банка на Индија објави дека работи на воведување на сопствена дигитална валута до крајот на годината, истовремено предупредувајќи дека постои „сериозна опасносст“ за приватните криптовалути како биткоин, етериум и други.