Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, сподели фотографии на фејсбук и покажа дека во текот на денешниот ден интензивно се работи на повеќе локации низ општината.
– Интензивно се работи на повеќе локации низ општината – реконструкција и санација на улици, поставување нова урбана опрема, уредување на детски игралишта и реализација на проекти што го прават Аеродром поубаво и поквалитетно место за живеење – напиша тој.
Во општина Аеродром целта е да се подобрат условите за сите, преку посветена работа:
– Продолжуваме со посветена работа, затоа што секој реализиран проект значи подобри услови за сите наши сограѓани.
Работиме. Градиме. Го менуваме Аеродром на подобро – напиша Митески на социјалната мрежа покрај фотографиите
