Во наредниов период од неколку недели како што Ви ветив драги читатели ќе посветам внимание на тема непосредно врзана со моето образование како дипломиран инженер за екстрактивна металургија проткаено со професионалното минато, а тоа се медиумите. Мора да се обратам на здраво разумните луѓе во оваа Македонија дека сме под силен налет на специјален центар од источна словенска култура (ни се претставуваат како браќа), кој сака по секоја цена да ја разнебити оваа држава, која маченички сме ја стекнале и тоа само во еден правец. За финансии е глупаво да зборуваме зошто пари не се проблем кај нас: ќе се украдат, ќе снема, па ќе дојдат, па сиромаштија, па просветлување итн.
пишува: Виктор ГРОЗДАНОВ
Но, се удира врз најмилото и најсуштинското. Врз нашите деца и врз нашата определба Македонија. Едноставно да нема никој од нас кои со милениуми сме присутни. Да ја продадат и разнебитат оваа убавина Македонија и да Ве изманипулираат сите вас со нивните полтрони и еколошки „Вистински Лаги“ дека се живее од воздух.
Ова е напад врз целата интелектуална сила без разлика дали станува збор за политичари, писатели, глумци, уметници, новинари или вистински научници и патриоти.
Мојата девиза е: Секое дете е злато за Македонија.
Запомнете убаво. За разлика од мене нивната девиза е: Да се спроведе „Бела Чума“ и да се продаде Македонија на „новите“.
И сега да објасниме што е разликата помеѓу мене и нив. Јас сум дипломирал на тема: „Избор на оптимална пиро-хидрометалуршка постапка за валоризација на никел од секундарни суровини“. А, сега подготвувам магистерска на тема: „Еколошка и економска придобивка за добивање на Злато од…“. Сето ова на моќниот Технолошко-Металуршки Факултет Скопје. Без овој факултет нема држава.
Ова го кажувам во следнава насока. Најголемите екологисти произлегуваат од оние кои знаат како се загадува. А, тоа сме ние металурзите. Што би се рекло по старински подобро прашај паталец наместо гаталец.
Е сега, Македонија има проблем со гаталци. Овие гаталци немаат основни познавања за цивилизацијата, а се претставуваат екологисти и земјоделци. Еве јас ќе кажам две работи кои се многу важни, а гаталциве викаат „секоја чест“ мајстори:
Џингис Кан во неговите походи убил една петтина од тогашното население и ги сменил климатските услови. Ова е чиста вистина. И овие нашиве гаталци сигурно си велат, па алал да им е тогаш и на Леополд, Хитлер и нормално Сталин.
Го гледале оној легендарен филм со Арнолд Шварценегер и Џејми Ли Кертис со наслов „Вистински Лаги“ каде „Шварци“ е како демек компјутерски дистрибутер, а тој да ти работи за ЦИА. И овие велат и ние така. Демек екологисти и ќе си правиме филмови за НКВД, КГБ, ГРУ, ВАГНЕР……
Овие гаталци на пример немаат капацитет да разберат идеја која можат да ја дадат само металурзи со следно објаснување. Ние металурзите им честитаме на екологистите од Велес што го сопреа работењето на Топилницата, која е поставена наспроти сите научни истражувања и го загадуваше целиот град . Топилница мора да има повторно кај Велес, ама од другата страна и да се обрати особено внимание на отпадните води кон река Вардар. Грција ќе не благословува.
Ова значи само едно. Милијарди за Македонија.
Ама некој не сака ваков развој. И затоа има создадено екологисти кои сите нормални би ги нарекле „Зелена Мафија“.
Епа мало друштво од т.н. „Зелена Мафија“ ја не сум Ви воспитана Пи-Ар агенција на Казандол, Плавица, Златица, Генезис, Еуромакс, Резервоар Минералс, Алшар и другите 38 наоѓалишта на металични суровини. Вие сакате да го одземете правото на среќа на моите дечиња и сите други деца на нормални и воспитани родители. Демек Вие неколкумина сте загрозени и заради личен интерес кој мислите дека сте доволно вешти да го сокриете, ја ставате во заблуда со невистинити информации цела јавност.
Вистината е друга.
Ова е почеток и крај на разобличувањето на улогите кои ги играте вие и вашите ментори. Инаку е почеток за економски бум. И затоа нема место за манипулатори, кои заради театрални ефекти (за убедување на популација) се служат со фрази од типот „Ќе има Војна ако треба“ (демек со животот ќе спречуваат изградба на рудници), а нивните ментори плаќат новинари кои за жал не разбираат дека таков израз е ширење паника и за јавна објава се лежи затвор. Туку…
Ш(т)о би рекле скопјани припаднициве на „Зелена Мафија“ многу паметни. Ќе ја бранеле струмичката котлина, младите сите ќе биле на нивите зошто тие (они) ја хранеле Македонија.
И сега кога немаш информации викаш: Алал да им е. За грев се луѓето. Ќе ги трујат со цијанид. Мора да се бранат. Нема врска што со Закон е забранета употреба на цијанид и сулфурна киселина за експлоатација на минерални суровини. Важно е да се уплашат добрите и чесни граѓани кои немаат време да анализираат дали и зошто некој манипулира со нивните чувства.
Таков ни е на пример извесен Мики Крстев. Не дека е многу важен овој лик, туку е експресија на иронијата која ја живееме. Примерот е вовед во една анализа која следи и во која ќе расчистуваме кој се’ се нарекува еко-активист (борец против рудниците на смртта) и всушност го разградува вистинскиот НВО активизам, притоа вешто манипулирајќи со жителите на струмичката котлина за лични интереси.
Мики бил спремен за „војна“. Струмица не ја давал на рударските инвеститори од западните земји. Оти тие лажеле, а тој наводно говорел само вистина. И така, во интервју кај еден искусен новинар како Миленко Неделковски (единствен во Југославија го интервјуирал легендарниот Сена, учествува во Камел Трофи релија, нападнат со нож од секретарот на ФФМ на јужна трибина заради известувања за состојби во Македонскиот фудбал, 19 сезони емисии со интервјуа) успева да сокрие еден многу важен факт. Овој Мики дури од Скопје да ни ги бранел жителите на струмичката котлина. Ајде што студирал Правен Факултет во Штип туку се вработил и во јавното градско претпријатие Комунална Хигиена во Скопје. Да, да, убаво читате, овој лик од Скопје, со решено егзистенцијално прашање им кажува на струмичани дека земјоделието ќе пропадне ако рударскиот комплекс Иловица-Штука се изгради. Им вели на струмичани, Вие издржете таму долу на југоистокот, гледајте и плачете што секојдневно ви заминуваат децата во туѓина во потрага по подобар живот, а јас од тука од Скопје ќе стискам палци за вас. Ако треба и во војна ќе одам. Итроштина која останува незабележена и од острото око на Миленко. Ни Струмица, ни котлина, ни Штука, важно тој си работи во Скопје и по налог на „Зелена Мафија“ и другите од центарот за разнебитување на Македонија е екологист од пристојна дистанца, кој треба по секоја цена да спречи долгорочен економски развој за регионот каде е роден. Е затоа се чувствувам повикан, како општествено одговорен човек, да дадам свој влог во разобличувањето на една еколошка измама.
Проблемот е поголем што заради страв од губиток на гласови и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фаќаат на јадицата кои им ја подметнуваат неколкумина извршители на еден ГРАНДЕ АНТИ НАТО план. Каде се „службите“ и што прават не знам. А, јавноста нека не се чуди зошто на средината на септември Македонија протера тројца руски дипломати и еден свештеник, кој до скоро живееше во Софија. И оттаму беше протеран. Нема случајности во животот.
И да, да не заборавам со време да најавам. Посебен осврт ќе имам за улогата на министерката Каја Шукова, која мора да знае дека нештата се прават со сторување или несторување. А, најтешко се класифицираат кога се направени од незнаење и нестручност со потенцијал за огромни отштети.
Во следните колумни има да објаснам за каков концепт на неедуцираност, ама финансиска заинтересираност, со стравична измама и поткупливост станува збор.
Жал ми е за новинарите што се излажани и здраво разумните луѓе, ама за нивните колеги нема да имам никаква милост.
Да ги изработат ликови како Крум Велков и остала …
СРАМОТА!
Извор: НЕТПРЕС