Неговата рана инвестиција во „Антропик“ (Anthropic) – компанијата што стои зад популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, „Клод“ (Claude) – би можела да му донесе огромен поврат на вложените средства.

Според проценките на „Блумберг“ (Bloomberg), инвестициската фирма „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) – чиј соосновач е Кучер – поседува удел во „Антропик“ проценет на приближно седум милијарди долари. Во 2023 година, преку оваа фирма, Кучер – заедно со менаџерот на Мадона, Гај Осеари – учествуваше во првата голема рунда на институционално финансирање на „Антропик“, пренесува „Индипендент“ (The Independent).

Низ годините, инвестициската фирма вложила вкупно 435 милиони долари во „Антропик“ (Anthropic); точниот удел од евентуалната добивка што ќе му припадне лично на Качер сè уште не е познат.

„Антропик“, компанијата што стои зад чет-ботот „Клод“ (Claude), денес треба да започне со тргување на берзата, при што се проценува дека нејзината пазарна вредност изнесува 1,5 трилиони долари, а почетната цена на акцијата е 83 долари, пишува „Индипендент“ (The Independent).

48 годишната холивудска ѕвезда – познат по своите улоги во филмови и серии како „Што се случува во Вегас“ (What Happens in Vegas) и „Лудите седумдесетти“ (That ’70s Show) – ја започнал својата инвестициска кариера во 2010 година, кога заедно со Осеари и милијардерот Рон Беркл ја основал фирмата „A-Grade Investments“. Оваа фирма, меѓу другото, инвестирала во технолошки компании како „Спотифај“ (Spotify), „Убер“ (Uber) и „Ер-би-ен-би“ (Airbnb).

Во 2015 година, Качер и Осеари ја основаа компанијата „Саунд венчрс“ (Sound Ventures), преку која поддржаа голем број технолошки стартапи, вклучувајќи ги „Дуолинго“ (Duolingo) и „Рисерч-гејт“ (ResearchGate).

Според медиумските извештаи, „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) управува со инвестиции во вредност од приближно две милијарди долари, при што околу 800 милиони долари се вложени во компании за вештачка интелигенција, меѓу кои се „Антропик“ (Anthropic), „Опен АИ“ (OpenAI) и „Ворлд лабс“ (World Labs). Претходно оваа година, Качер се повлече од својата раководна улога во „Саунд венчрс“ за да основа нова инвестициска фирма заедно со Морган Белар, поранешен партнер во инвестициската фирма „НФИКС“ (NFX). Новата фирма ќе се фокусира на инвестиции во напредни технологии, инфраструктура, енергетика и таканаречениот сектор на „длабоки технологии“ (deep tech). Качер ќе остане советник во „Саунд венчрс“, додека Гај Осеари и Ефи Епстајн ќе продолжат да ја раководат компанијата.