Последниот оперативен реактор на нуклеарката Запорожје е исклучен од украинската мрежа откако електричните столбови беа оштетени при руското гранатирање, соопшти „Енергоатом“.
Најголемата електрана во Европа е заземена од руските сили, но со неа и понатаму управува украинскиот оператор „Енергоатом“.
„Како резултат на пожарот предизвикан од гранатирањето, денеска е прекинат последниот далновод за пренос“, соопшти „Енергоатом“ на Телеграм.
Оттаму додадоа дека „како резултат на тоа, реакторот шест, што ја снабдува електраната со струја, исклучен е од мрежата“.
Подрачјето на електраната изминатите месеци постојано се гранатира, а Москва и Киев за тоа меѓусебно се обвинуваат.