Инвестиција од 15 милијарди денари капитални проекти за општините

Историски најголема инвестиција на централна власт. Премиерот Христијан Мицкоски најави нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините.

Владата ја започна постапката за вториот јавен повик преку Министерството за локална самоуправа, кој ќе овозможи општините да аплицираат за финансирање на капитални проекти.

(АНАЛИЗА) Бизнисот, граѓаните и општините добиваат пари: Финализиран е унгарскиот кредит, Мицкоски очекува негова имплементација

Вкупниот буџет за оваа фаза изнесува до 15 милијарди денари, што претставува најголема инвестиција на централната власт во локалните самоуправи. Средствата ќе бидат распределени во период од три години, зависно од проектите.

78 општини добија 288 проекти

Овие средства ќе се користат за изградба на училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со цел решавање на децениски инфраструктурни проблеми.

Во првиот повик, 78 општини добија 288 проекти со вкупна вредност од 4,5 милијарди денари.

Со овој нов финансиски пакет, Владата најавува директна поддршка за општините и граѓаните. Премиерот Мицкоски нагладека дека Владата ќе стави фокус на подобрување на животниот стандард и развојот на локалните заедници.

За оваа тематика претходно се огласи и министерот Александар Николоски.

Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните

Министерот за локална самоуправа ги образложи деталите.