Во денешната пресуда, Европскиот суд на правдата нагласи дека „ако една земја признае родителски однос со дете, тогаш секоја земја членка треба да го стори истото, за да го гарантира правото на детето на слободно движење“.
Случајот дојде пред овој суд откако бугарските власти одбија да дадат извод од матичната книга на родени на ќерка на истополова двојка, која е родена во Шпанија во 2019 година, со образложение дека детето не може да има две мајки.