Бројот на американските гласачи кои имаат негативен став за поранешниот претседател Доналд Трамп надмина 55 отсто, додека има повеќе републиканци кои имаат „многу поволно“ мислење за него.

Според извештаите, 44 отсто од испитаниците имаат „многу неповолен“ став за Трамп, што е повеќе од кој било друг кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија, според истражувањето на телевизијата News Nation, пренесува Танјуг.

Вкупно 13 отсто од нив велат дека имаат „донекаде неповолно“ мислење за поранешниот претседател, што е 56 отсто од Американците кои негативно гледаат на Трамп.

Фаворит меѓу републиканците

Во исто време, најголем процент од гласачите на Републиканската партија имаат позитивно мислење за него, при што 22 отсто од нив изразиле силно позитивно мислење.

Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември 2024 година, а пред нив ќе има избори во редовите на Демократската и Републиканската партија на кои ќе се избираат кандидати за претседателската функција.

Трамп во моментов е главен фаворит меѓу републиканците, а гувернерот на Флорида Рон ДеСантис е на второ место зад него со неколку десетици процентни поени.