Платформата на организации за соработка со механизмите за човекови права на Обединетите нации ги оцени како „алармантни“ резултатите од истражувањето за човековите права, бидејќи повеќе од половина од испитаниците оцениле дека човековите права во Србија се загрозени.
Прашалникот „Оценете ги вашите права“, во кој учествуваа 11.726 испитаници, траеше еден месец и содржеше 21 прашање.
Граѓаните се изјаснија кои се клучни теми кога се во прашање човековите права, кои сметаат дека се пречки за остварување на тие права, а резултатите од овој прашалник се алармантни“, изјави Душан Покушевски, координатор за човекови права и програма за владеење на правото, на презентација на резултатите од истражувањето.
Околу 90 отсто од граѓаните оцениле дека нивните работнички права не се соодветно заштитени и дека нивните месечни примања не овозможуваат достоинствен живот.
„Речиси 76 отсто од граѓаните се изјасниле дека не можат да си дозволат достоинствен живот. Според официјалните податоци на Републичкиот завод за статистика, просечната нето плата во октомври изнесува 75.282, официјалната инфлација е 14 отсто од почетокот на годината, а просечната потрошувачка кошничка, според Министерството за трговија, за туризам и телекомуникации за јули 2020 година изнесува 86.839 динари“, изјави координаторката на платформата Соња Тошковиќ.
Таа оцени и дека мнозинството граѓани и сега не можат да си дозволат достоинствен живот поради големиот скок на цените, а особено маргинализираните групи на општеството.
Повеќе од 80 отсто од граѓаните изјавиле дека не им се обезбедува соодветна здравствена заштита и дека Србија нема добар и правичен образовен систем.
Според неа, „шокантен“ податок е дека повеќе од 90 проценти од граѓаните сметаат дека говорот на омраза е присутен во јавната сфера.