– Имаме осум смртни случаи и четири сериозни инциденти, од кои некои се случија многу денови по вакцинацијата. Бидејќи се вршат истражни проверки, роковите се одложуваат и започнавме итно собирање на документација, изјави Магрини во интервју за весникот Република.

Тој го повтори своето мислење за безбедноста на вакцината на АстраЗенека, смирувајќи ги оние кои веќе ја примиле првата доза на лекот. Тој рече дека „не треба да прават ништо друго освен да пријават можни симптоми кај својот лекар“.

Говорејќи за вкупната достапност на вакцините, Магрини потсети дека според националниот план за вакцинација, до летото ќе има 20 милиони дози месечно во земјата.