– Обвинетиот, на 23 април, се обидел да отпатува преку Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков документ не му е издаден, тој лажната исправа ја употребил како вистинска пред службените лица на аеродромот, се вели во соопштението од ОЈО.