Првите значајни протести против Владата се одржале на повеке од 35 плоштади ширум земјата, вклучително и на римскиот плоштат Пјаца дел Пополо и на централниот плоштад во Милано, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите во Рим носеле капи, кои инаку учениците ги носеле кога ќе направат голем број грешки, со цел да го покажат влијанието кое затварањето на училиштата ќе го има врз образованието, додека пак во Милано пораките на учениците и плакатите биле потпрени на нивните училишни ранци кои биле поставени на земја.

Бројот на демонстранти сепак бил ограничен поради ограничувањата за собири поради коронавирусот.

Голем дел од италијанските училишта се затворени од 15. март, а учениците следат онлајн-настава, пренесува ММС.