– Со одлуката за доделување на 200.000 картички за ослободување од наплата на патарина за туристите од Србија, Владата ги дискриминира сите други соседи од кои земјава има исто така придобивки, соработка и добрососедски односи. За овие картички Министерството за Финансии ќе троши речиси 3 милиони евра, пари на наши сограѓани, кои сега треба да ја платат цената на милоста на Србија, која дојде како последица на неспособноста на Владата и Министерството за Здравство за обезбедување на вакцини против КОВИД19. Од друга страна, жители на селата од околината на автопатиштата се должни секој ден да платат за пократки далечини при поврзување со градот, велат од Коалицијата.
Оттаму предлагаат два начина за промена на оваа одлука.
– Како прво треба да се најде трајно решение за локалните жители кои плаќаат иако не го користат автопатот. За време на туристичката сезона, од наплата на патарини да се ослободат граѓаните од сите соседни држави, ако крајна дестинација им се нашите туристички центри, но не и оние кои само транзитираат за да одат во трета земја, велат од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива.