Таа коментираше за Бугарското национално радио, велејќи дека парламентарните партии побарале дополнително време за да ја разгледаат нивната одлука.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Митева, до гласањето во Националното собрание постои можност за измени во составот на предложената влада од страна на мандатарот Пламен Николов.

Митева нагласи дека „улогата на Парламентот мора да се врати и тој мора да биде многу посилен и покрај расцепканото мнозинство“.

Претседателката на Парламентот истакна дека доколку владиниот кабинет на „Има таков народ“ не биде изгласан од пратениците, тогаш во Бугарија ќе треба да се закажат нови предвремени парламентарни избори.