Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска денеска за ТВ21 одговори дали Антикорупциска може да отвори постапка во врска со опожареното непријавено возило Ауди А6 на првиот вицепремиер Артан Груби.

Таа вели дека не може да се отвори затоа што возилото е во сопственост на друго лице.

„По овие важечки закони…толку. Уште еднаш укажувам дека е неопходно донесувањето на Закон за потекло на имот, што ќе важи за сите граѓани и ќе наметне обврска да го пријават имотот, но и изворот на средства со кои го купиле тој имот.“, вели Ивановска за ТВ21.