За разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 говореше и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Ивановска вели дека ова што се случува е страшна трговија со влијание, позадински врз членовите на Судскиот совет.

Таа додаде дека очекувала Собранието да свика надзорна комисија во најмала рака  и да побара отчет од учесниците во оваа драма.