Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека политичкото влијание е највисок ризик на корупција и дека имаме премногу вработени партиски кадри.

Ивановска кажа дека партиски вработените наместо во институциите, даваат отчет во партијата.

„Политичкото влијание е највисок ризик од корупција и најприсутно во делот на вработувањата, често вработени на овој начин даваат отчет во партијата, наместо на институцијата. Охрабрувачки е тоа што во сите институции има критична маса на професионалци. Мене тоа ме радува. За мене скринингот во Брисел тоа покажа, видов дека имаме подготвени луѓе. Не се многу, но ги има.“, изјави Ивановска.