Речиси 600.000 претставници на органите на прогонот и возолнери беа на должност низ целата земја за да се осигураат дека гласањето ќе помине непречено. Сепак, имаше и жртви.

Според некои турски медиуми едно лице загина, а други пишуваат дека бројката е две лица. Најмалку 11 други се повредени во градот Дијарбекир, каде спорот околу изборот на администратор на соседството стана насилен, јави државната агенција Anadolu.

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: Висока излезност, Ердоган го призна поразот – Како опозицијата го направи овој резултат?

Инцидентите се случиле во југоисточна Турција, јавуваат медиумите.

Инцидент настанатал и во блиската провинција Шанлиурфа каде најмалку шест лица се повредени и во борбите што избувнале таму.

Шефот на Високата изборна комисија (Централна изборна комисија) на Турција, Ахмет Јенер синоќа пријавил дека денот поминал мирно, но според турските медиуми при гласањето биле извршени 2 убиства. За безбедноста освен органите на прогонот имаше и волонтери.