– Дадовме согласност за избор на најповолна понуда во постапката за воспоставување јавно-приватно партнерство за две фотонапонски електроцентрали, што ја спроведе АД ЕСМ. За најповолни се избрани понудите на компаниите „Фортим Енерџи Електрик“ од Турција и „Соларпро холдинг“ од Бугарија, кои на местото не некогашната термоелектрана Осломеј треба да изградат по една фотонапонска електроцентрала од 50 мегавати, напиша премиерот Заев.
Постепено го менуваме производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од…
Posted by Zoran Zaev on Saturday, April 24, 2021
Дополнително, додаде, Владата донесе повеќе одлуки за давање долготраен закуп на градежно земјиште во сопственост на Северна Македонија во Свети Николе, за изградба на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, односно фотонапонски електрични централи.