Командирот на гевгелиските пожарникари, Игор Ризов, соопшти дека веднаш по дојавата за пожарот, екипите на ТППЕ Гевгелија се испратени на теренот каде се борат со пламените јазици.
Ризов потврди дека поради високата дневна температура која моментно во Гевгелија изнесува 40 степени како и ветерот кој ги шири пламените јазици, пожарот е сè уште активен.
Причините за појавата на пожарот кај Гевгелија сеуште не се утврдени, но, пожарникарите се сомневаат дека се работи за човечки фактор.