Пожарот што избувна во најголемата нуклеарна централа во Украина беше изгаснат рано утринава. Централата гореше по силното гранатирање од страна на руските сили.

Според портпаролот на фабриката, по пожарот борбите околу централата стивнале. Нуклеарните регулатори и владините тела во Украина и САД велат дека нивото на радијација изгледа нормално.

Украинскиот претседател Володимир зеленски во објава на Фејсбук утринава , ја обвини русија за намерно пукање во нуклеарната централа – и ги повика европските лидери „сега да се разбудат“ и да ги запрат руските сили „пред ова да стане нуклеарна катастрофа. ”Новите видеа објавени на социјалните мрежи ги покажуваат ужасните последици од руските воени напади што во четвртокот погодија станбен комплекс во северниот град Чернихив. Најмалку 33 лица загинаа, а 18 се повредени во нападот, соопштија украинските власти.

Русија поставува опсада на клучниот украински град мариупол. Заменик-градоначалникот на југоисточниот град рече дека тој е „опкружен“ од руски сили и има очајна потреба од воена и хуманитарна помош. Во североисточна Украина, 34 цивили загинаа во руските напади врз регионот харков во период од 24 часа, соопштија службите за итни случаи. Руските трупи исто така напредуваат кон Одеса, стратешки значајниот град на јужниот брег на Црното Море.