На Американците кои ги напуштаат Белорусија и Русија, нема да им се бара негативен тест на Ковид-19 при враќање дома, соопшти Стејт департментот.

Американските центри за контрола и превенција на болести информираа дека ќе го искористат своето дискреционо право да им дозволат влез на државјаните на САД, постојаните жители и лица со валидни имигрантски визи, кои биле во Белорусија или во Русија до 28 февруари да влезат во САД без тест, јавија британски медиуми.

Претходно, Центрите го укинаа задолжителниот негативен тест за Американци кои ја напуштиле Украина, а биле во таа држава до 10 февруари.