Денеска (07.04.2023) во СВР Скопје било пријавено дека околу 03:40 часот на ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на И.С.(43).

Пожарот бил изгаснат од полициски службеници од Полициската станица Чаир, сопственикот И.С. и од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.