Вечерва се случило пукање пред џамијата позади Поликлиниката во скопски Чаир, дознава ЛОКАЛНО.

Според информациите, две групи граѓани отвориле меѓусебно оган, по кој има повредени.

Повредените лица во моментов се носат во болница, додека нема уште информации за жртви.

Се очекува повеќе информации од МВР подоцна.