Празен автобус изгоре на патот Охрид-Кичево кај селото Извор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Тие добиле известување од АМСМ дека од 21:00 синоќа сообраќајот бил во прекин во двата правци.

За гаснење на пожарот интервенирале две екипи од против-пожарната единица Кичево.

Од ТППЕ интервенираат при гасење на опожарен автобус, соопшти АМСМ