На лице место интервенираше Територијалната единица за противпожарна одбрана од Охрид со сите расположиви ресурси за таа намена. Пламенот е изгаснат, но во акцијата се потрошени сите боци со кислород наменети за интретрвенции во затврени простории.

На местото на настанот беа присутни и екипи на Службата за итна медицинска помош, кои исто така интервенираа кај лица што подолго време вдишувале чад.

Освен причинетата материјална штета, за среќа нема повредени во пожарот, а причината за неговото избувнување ќе ја утврди истрагата.