Санчез претходно ги помилува сите девет лидери на каталонските сепаратисти уапсени за нивната улога во организирањето на референдумот за отцепување на Каталонија во 2017 година.
Со помилувањата укинати се преостанатите години затворски казни за лидерите, но забраната за вршење јавни функции останува во сила.
Дванаесет сепаратистички каталонски лидери беа осудени за бунт и други дела против уставниот поредок, од кои деветмина добија повеќегодишни затворски казни за организирање на забранет референдум за независност на Каталонија и прогласување отцепување во октомври 2017 година. Тројца беа осудени на парични казни.
Поранешниот потпретседател на Каталонија, Ориол Жункерас, кој доби најтешка казна од 13 години затвор во 2019 година за бунт и злоупотреба на јавни средства, ќе биде ослободен заедно со неговите соработници откако помина три и пол години во затвор.
Санчез во понеделникот во Барселона го најави помилувањето на каталонските сепратисти, истакнувајќи дека е потребно „помирување” во Каталонија, каде општеството е длабоко поделено помеѓу приврзаниците и противниците на независноста по кризата од 2017 година.