Излезноста на локалните избори до 11:15 изнесува 9,3 отсто

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на својата втора прес-конференција соопшти дека до 11:15 часот на територијата на Македонија излегле да гласаат 9,3% од граѓаните, според податоците пристигнати од 3.139 избирачки места. На денешните локални избори гласањето се спроведува на 3.474 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 1.832.415 граѓани.

За изборите 2025 се пријавени 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети, со вкупно 10.490 кандидати, кои ќе конкурираат за своите позиции во единиците на локалната самоуправа.