Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ за МИА изјави дека до 15 часот биле доставени повеќе од 100 амандмани од Алијанса за Албанците и Алтернатива, но не биле сите од формален аспект уредни.

Имало и три амандмани уредно доставени од Левица, но, не биле поддржани од членовите на Комисијата.

Комисијата за европски прашања достави Извештај до претседателот на Собранието Талат Џафери и денеска треба да расправа Законодавно-правната комисија за пописот.

На веб-страницата на Собранието, седницата е закажана за денеска во 10 часот за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република  Македонија, 2021 година, по скратена постапка.

Според претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ, постои можност денеска да се одржи пленарна седница за одложување на пописот.