Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја нема да се согласи на прекин на огнот, додавајќи дека сега е време за војна.

„Како што САД нема да се согласеа на прекин на огнот по бомбардирањето на Перл Харбор или по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, Израел нема да се согласи на прекин на непријателствата со Хамас по ужасните напади на 7 октомври“, рече Нетанјаху на прес-конференција.

Тој додаде дека повиците за прекин на огнот се исто што и „повикот до Израел да му се предаде на Хамас, да се предаде на тероризмот и варварството“.

„Тоа нема да се случи. Библијата вели дека постои време за мир и време за војна. Ова е време за војна“, рече израелскиот премиер.