Израелски напади во Либан
Најмалку пет лица загинаа, а 15 се ранети во израелски напади во три различни области во Либан, изјави извор за безбедност и цивилна одбрана за Ројтерс. Една од локациите кои беа цел е во градот Деир Била во северен Либан, кој досега не бил нападнат.
Хезболах истрела 320 проектили кон Израел
Израелската војска соопшти дека Хезболах истрела речиси 320 проектили од Либан кон Израел во саботата, без да даде дополнителни детали.
Исто така во саботата, израелската војска им нареди на жителите на 23 јужни либански села да се евакуираат во областите северно од реката Авали, која тече од западната долина Бека во Средоземното Море.
Евакуација на жителите
Израелската војска соопшти дека евакуацијата била неопходна за безбедноста на жителите поради зголемените активности на Хезболах, тврдејќи дека групата користи локации за да крие оужје и да изврши напади против Израел. Хезболах негира дека крие оружје меѓу цивилите.