Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола низ државата при што санкционира 162 возача кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив 13 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум со над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Според МВР, 48 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.