Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.