На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од вкупниот број на мерки, изречени се 13 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возење без возачка дозвола.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.