Полицијата уапси 46-годишен маж од Скопје под сомнение дека извршил обљуба врз својата малолетна поќерка, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Настанот бил пријавен во понеделникот вечерта, по што полициските службеници веднаш реагирале и околу 22:10 часот го лишиле од слобода осомничениот.
Според првичните информации, жртвата – малолетно девојче – е згрижена и ѝ е обезбедена соодветна психолошка помош и поддршка.
„Полицијата постапи по пријавата и лицето е приведено. Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР.
