На 4 август 2022, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, на 5 август 2022, Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во консултација со Јавен обвинител, против В.Д. поднесе кривична пријава по итна постапка, а од судија за претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор.