Тоа, спорeд агенцијата Балкан веб, од причина што тие во текот на вчерашниот ден престојувале во Орхид.

– Откривањето нови детали, ја прошири истрагата. Во текот на вчерашнот ден тие патувале за Македонија, а по ручекот во Охрид, се вратиле во хотелот “Глорија“ каде што престојувале. Претходно, полицијата соопшти дека се сомневаат дека туристите починале од гушење, но не е исклучено тие да биле под дејство на алкохол. Исто така, дел од истрагата е и патувањето на туристите во Македонија, за евентуално труење со храна или консумирање психотропни супстанции, наведува агенцијата.

Во своето сведочење пред истражниот тим, една од вработените во хотелот им кажала на обвинителите дека било околу 22:30 часот кога отишла во просторијата за сауна, каде што биле двете брачни двојки, и неколкупати тропала на вртата, за да ги извести дека пијалоците и овошјето што ги нарачале ги однела во нивните соби, но откако не реагирале, влегла внатре каде што ја видела и шокантната слика.

Брачнот пар Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), нивната ќерка Екатерина Буренкова (31) и нејзиниот сопруг Никита Белоусов(37) во Албанија допатувале на одмор минатата недела, преку туристичка агенција, кое за жал било и нивното последно патување. Заедно со нив допатувале и други четворица руски туристи.

Во експертизата, по барање на Амбасадата на Руската Федерација во Тирана, ќе бидат вклучени и стручни лица од оваа земја.