При утринската контрола на улиците градоначалникот констатираше дека се уште има места со смет кои со месеци не се расчистени.
За да се стави општината под ред, Јакимовски смета дека потребна е поголема дисциплина и организација во работењето. На тие пак, што нема да можат да го издржат темпото на работа најави дека ќе им се заблагодари на соработката.
-За жал има места кои со месеци не се фатени. Тука спроти Сити мол, каде што доаѓаат граѓани од цела Македонија, Јужна Србија, Косово… Ова место е лицето на општината, а е на само двеста метри од пунктот каде што се наоѓаат дваесет наши работници. Општина Карпош никогаш немала 118 чистачи и да имаме ваква нехигиена. Фали подобра организација, подобра дисциплина за општината да ја ставиме под ред. Оние кои не се подготвени да го издржат тоа темпо ќе им се заблагодариме на соработката. Јас сум сигурен дека за од прилика десетина дена ќе доведеме се под контрола. Лисја постојано ќе паѓаат тоа не е страшно, ќе го чистиме, но сметот мора да се тргне, рече Јакимовски.