Тој откри дека пред повеќ од еден месец ја имал информацијата дека се подготвува апсењето на Камчев.
„За да таа работа кружи низ гардот дека ќе се апси Камчев, тоа не е резултат на вистинските сознанија дека ќе бега туку значи сценарио во коешто е најдено само начинот и формата како да биде спакуван и однесен во Шутка. Одговорно ќе кажам – вистинска државна безбедност, кога јас би бил таму шеф и кога знам дека некој сака да бега – сепак Орце Камчев е капиталец и јас едноставно би го набљудувал, сега има современи начини и технологија како тоа се прати, и тогаш кога ќе се обиде да избега да го фатиш жив и да го донесеш. Е тоа е државна безбедност“, појасни Јакимовски.
Според него ако има потреба за правосудните органи некој да биде приведен за да не ја попречува истрагата, тоа е во ред и легитимно, ама ако се остава простор да се мисли дека овде е во прашање политика и политичка пресметка, то не носи ништо добро за општеството.
„Орце Камчев е успешен човек, знае да води бизнис, знае да создава вредности, беше првиот кој отвори приватна болница, значи Орце Камчев е далеку пред времето. камчев е првиот кој почна да увезува кинеска спортска опрема, очигледно дека тие луѓе имаат осет за бизнис“, рече Јакимовски.
Тој посочи дека не е добро за власта да отвора сомнеж дека ова е нова политичка пресметка која се врши преку Орце Камчев.