Тој направи споредба за тоа каков бил премиерот Заев додека двајцата беа градоначалници.

„Тој беше многу колегијален, второ јас искрено мислам дека тој не е зол човек. Не можев да видам дека има некое големо политичко познавање, меѓутоа она што го красеше е работата со општинските организации, теренската работа и беше подготвен на секој член што ќе му се обрати да му одговори, ако има протреба нешто да се заврши – да се потруди да заврши. Веројатно тоа било со некоја умисла еден ден да дојде на чело на партијата, практично така да ја одржува популарноста внатре во партијата преку, дворење на членството“, рече Јакимовски.

Според него промената на Заев како политичар соодветствува на максимата – Дај му власт па ќе видиш што човек е.

„Ја доби власта во СДСМ и веднаш го смени Статутот со којшто тој како претседател ги одредува претседателите на Општинските организации. Ако сакате да зборуваме за Султан-партија тоа е Социјалдемократскиот сојуз, за да сега кога дојде на власт сега ќе има демократија односно ќе го гласале сите ама тој е единствен кандидат како Ким Јонг Ун. Тоа било демократија – кај нас сите имаат право на глас ама само мојот глас се почитува, што значи дека не можеме да кажеме дека имаме некој демократски напредок и во исто време не можеме да кажеме дека овој човек по доаѓањето на власт го задржа она ниво на човечност на однос кон членството. Ние видовме работи кои за него биле несвојствени, да кажеш ,мало сутра’“, додаде Јакимовски.